Иновативна истражувачка идеја

 

 

 

 

 

 

Микросам во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип спроведоа истражувања за унапредување на термопластичните композити преку СЕМ микроскопски методи. Истражувањата се направени во рамките на научно-истражувачкиот проект „СЕМ микроскопија и унапредување на автоматизиран процес за добивање термопластични композити“, поддржан со иновациски ваучер од Фонд за иновации и технолошки развој.

Во период од шест месеци предвиден со проектната апликација направени се анализи на автоматизиран процес, на типови термопластични материјали и на влијателни технолошки параметри врз квалитетот на произведените термопластични композити преку тестирање на примероци со СЕМ микроскопски методи.

Автоматизираниот процес за полагање на ленти и добивање на композитни структури претставува понова и атрактивна технологија за автомобилската и авионската индустрија. За овој производен процес се применува роботизирана машина за полагање на лентите.

Иновативниот интерес во рамките на оваа проектна апликација беше насочен кон унапредување на оваа роботизирана постапка преку примена на термопластични унидирекционални препрег ленти и загревање на материјалот со помош на ласер во текот на полагањето на лентите. За реализирање на оваа иновативна идеја, во истражувањата беа применети разни типови на термопластични унидирекционални ленти (препрег ленти). Истите беа процесирани со промена на неколку технолошки параметри. Примарна цел беше да се обезбеди добро поврзување (слепување) на слоевите кои се полагаат бидејќи тоа претставува основен услов за да се добијат високо квалитетни термопластични композити на самото место на автоматско полагање на слоевите врз алатот.

Со истражувањата во рамките на оваа проектна апликација добиени се релевантни резултати во вид на оптимална поврзаност на слоевите, оптимални механички карактеристики на добиените термопластични композити и сл. Поврзаноста на слоевите беше определувана преку СЕМ микроскопски методи преку кои се анализираа појавените дефекти и добрата слепеност меѓу нив. Дополнително, примероците беа и тестирани за механички карактеристики. Добиените резултати од анализата на СЕМ снимките и механичките карактеристики на примероците дадоа објаснување за влијанието на анализираните технолошки параметри врз квалитетот на крајната структура. 

 

Subscribe

Stay updated with Mikrosam

Mikrosam

Close