Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата наДруштвото за електроника, дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз ДООПрилеп, www.mikrosam.com
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува врвен приоритет на Микросам ДОО Прилеп.
Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Микросам ДОО Прилеп ги собира, користи, одржува и обработува податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нејзината интернет страница www.mikrosam.com (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашата интернет страница.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Микросам ДОО Прилеп е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите корисници при посета на нашата интернет страницата.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.
Кои информации ги собираме?
За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.
При посета на интернет страницата, Микросам ДОО Прилеп ги обработува Вашите лични податоци, само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги.
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Вашите лични податоци ги обработуваме:
- При аплицирање на оглас за вработување, обука или академија во делот на Кариера
При аплицирање на објавен Оглас за вработување на нашата електронска пошта [email protected] ни испраќате ваша професионална биографија. Професионалната биографија треба да ги содржи следните податоци: име и презиме, телефонски број за контакт, електронска пошта, место на живеење, опис на вашето работно искуство, опис на вашето образование и обуки, опис на вештините кои сте ги стекнале во текот на образованието, работата и секојдневниот живот. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Рокот на чување на овие податоци е до 1 година, што по истекот на рокот истите се уништуваат и бришат. Апликантот за работа согласно со Законот за заштита на лични податоци, може да побара пристап до овие податоци, исправка или бришење пред овој рок или право на приговор за обработката.
- Цели на директен маркетинг
За прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами, newsletter) соодветно на интересите на кoрисниците овие податоци се собираат врз основа на Ваша изречна согласност. Доколку не сакате да ги добивате овие содржини, може во секој момент да побарате откажување на согласноста.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Микросам ДОО Прилеп ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани правила во интерните правила за технички и организациски мерки со кои располага. Вработените во Микросам ДОО Прилеп се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Микросам ДОО Прилеп применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи и во согласност со законски предвидена постапка. Микросам ДОО Прилеп не врши пренос на Вашите лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници со нивна изрична согласност. При посетата на интернет страницата од корисниците, Микросам ДОО Прилеп може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
Дополнително собраните податоци се користат за:
- Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата интернет страница,
- Да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други комуникации;
- За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите.
Употреба на интернет страницата од страна на малолетни лица
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Микросам ДОО Прилеп никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги обработи без дозвола од родителот/старателот.
Авторски права
Сите содржини на оваа интернет страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на Микросам ДОО Прилеп и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.
Коментари, прегледи и друга содржина
Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за услугите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. Микросам ДОО Прилеп го задржува правото да ги отстрани тие пораки.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Микросам ДОО Прилеп има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Вашите права
Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на адреса ул. Крушевски пат бб 7500, Прилеп или барање преку електронската адреса: [email protected]
- да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
- да пристапите до Вашите лични податоци и/или
- да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање, или ограничување на нивната понатамошна обработка
- да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до интернет страницата
Контакт
Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нѐ контактирате на следната електронска адреса: [email protected], како и телефонските броеви +389 (0)48 400 100.
Електронската адреса од која ќе нè контактирате, како и останатите Ваши лични податоци и целата содржина на Вашите барања и/или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за да одговориме на истото.
Почитувани корисници, Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.
Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на политиката на приватност.
Има поле за кликање Прифаќам.